Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупната цифра на активни на корона-вирусот се искачи 13.406.

Во истиот период регистрирани се 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови.

Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата.