Изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 192.288. Оздравени се 284 пациенти, а пријавени се 11 починати лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се вкупно 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на КОВИД-19. Од нив најмногу има во Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11.

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Куманово – 28, Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се седум починати лица: две починати лица од Скопје (61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г).​ Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288, бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.