Човек, кој упаднал во црква во едно гратче во американската сојузна држава Конектикат и украл електронска опрема во вредност од 3.000 долари, зад себе оставил порака со извинување.

Полицијата ги има видео снимките од мажот кој ја ограби Африканската методистичка епископална ционистичка црква, одземајќи камери, монитори и микрофони кои верниците ги користат за време на мисите. Тој, можеби чувствувајќи некаква моментна грижа на совест, оставил и писмо со извинување.

– Молете се за мене! Се извинувам, браќа мои… Спасете ме, гласи текстот кој завршува со нацртан емотикон со тажно лице.

Член на конгрегацијата, по име Крег Смит изјави дека некои верници го послушале „крадецот со морални вредности“, па на наредните богослужби навистина се молеле за него.