Смоквите содржат голема количина калиум, што помага да се регулира крвниот притисок.

Плодот од смокви е во форма на круша, а кората има различни нијанси, па може да биде жолта, зелена, црвена и сива. Смоквите се меки и слатки и навистина претставуваат најдобри летни слатки.

Една од најпопуларните типови е т.н. базилика. Поголема од другите сорти, кората и е зелена со пурпурни ленти и зрее во август.

И има уште една причина зошто сега е вистинското време да ги јадете!

Смоквите содржат голема количина калиум, што помага да се регулира крвниот притисок. Истражувања покажаа дека оние кои консумираат повеќе калиум дефинитивно имаат помал крвен притисок.

Смоквите, исто така, помагаат во контролата на зголемувањето на телесната тежина, особено поради растителните влакна што ги содржат, поради што не прават позаситени од другите намирници.