Кремљ денеска соопшти дека претседателот на Русија, Владимир Путин е отворен за разговори со Доналд Трамп без предуслови, откако новоизбраниот американски претседател изјави дека се организира средба помеѓу двајцата.
– Претседателот постојано ја истакнува својата отвореност за контакти со меѓународните лидери, вклучително и американскиот претседател, вклучително и Доналд Трамп“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ ја поздравува „подготвеноста на Трамп да ги решава проблемите преку дијалог“.
фото: МИА архива