Претседателите на Русија и Америка, Владимир Путин и Доналд Трамп, во телефонскиот разговор не ја разгледале идејата за воведување привремена администрација во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Оваа тема не беше ни иницирана во разговорот меѓу делегациите на Русија и САД во Саудиска Арабија, додаде тој.

„Тоа е гледиштето на претседателот на Русија, кое се заснова на неоспорни факти за вистинската состојба на работите во Украина во моментот“, изјави Песков за новинарите.

Рускиот лидер Владимир Путин за време на работната посета на регионот Мурманск изјави дека смета оти една од опциите да почне дискусија за воведување надворешна меѓународна администрација во Украина е со цел одржување демократски избори.

Тој наведе дека во меѓународната практика веќе има примери кога „во рамките на мировните операции на ОН неколкупати е формирана надворешна администрација, или привремена администрација“.

Како пример Путин ги наведе Источен Тимор, Папуа Нова Гвинеја и одредени делови од поранешна Југославија.

Тој исто така рече дека Москва наведува дека украинското раководство нема контрола над вооружените сили.