Завчера за време на работа во дворот на Полициската станица во Арачиново било запалено возило на припадник на МВР.

Возилото, како што објави Експрес, на полицискиот службеник кој вршел службени задачи во полициската станица му било запалено од страна на засега непознат сторител, а за настанот што се случил во дворот на полициската станица во Арачиново јавува полициски службеник и активист.

Во билтенот на настани на МВР нема информација за настанот за кој информира полицискиот службеник на социјалните мрежи.