Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, која требаше да се одржи денеска, се одлага по известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на Ковид – 19 вирусот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно протоколите за заштита од Ковид – 19,  главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 2 декември во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, наведуваат од Судот.