Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, ќе почне на 16 јули.

Според известувањето на Кривичниот суд Скопје, обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ е одобрен во целост.

Меѓу обвинетите се и Сашо Мијалков и експремиерот Никола Груевски.

За датумот и времето на првото судско рочиште известени се и странките – обвинителството и одбраната. Според информациите од судот, предметот се паднал кај судечки совет на чело со судијата Илија Трпков.

Покрај споменатите, обвинети се и Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и мајката на Камчев, Ратка Куновска-Камчева.

Истрагата за случајот „Плацови на Водно“ беше отворена во октомври лани, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во мај годинава.