Кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица против собранискиот спикер Талат Џафери и двајцата пратеници од власта кои во скафандер дојдоа на гласање се распределени  кај јавен обвинител, потврдија од ОЈО. Доказите кои беа наведени во пријавите сега ќе подлежат на сите неопходни проверки.

Кривичните пријави се пристигнати во Основното јавно обвинителство Скопје и распоредени кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува за утврдување на фактите и ќе ги направи сите потребни проверки согласно Законот за кривична постапка, одговорија од ОЈО за Алфа.