Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавените, како вработени во ЈП „Македонски шуми“- подрачно шумско стопанство Куманово, при извршување на работните задачи како шумочувари на реоните „Црн Врв“ и „Белановце“, на шести февруари годинава во село Белановце сопреле патничко возило „Опел Астра“, управувано од М.Р., кое било натоварено со бесправно исечено дрво.

– Наместо да го обезбедат и предадат за понатамошна постапка, тие постапиле спротивно на своите службени овластувања и на одредбите од Законот за шуми и под изговор дека е дефект го оставиле без надзор и незаклучено со клуч за стартување на брава, од каде подоцна М.Р. непречено си го зел во свое владение, се наведува во соопштението на кумановската полиција.