Кумановскиот градоначалник ќе биде казнет со 300 до 600 евра

/ 26.04.2020

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова.

Таа потсети рече дека за тоа ќе треба да плати казна од 300 до 600 евра бидејќи и покрај решението за самоизолација, излегол од својот дом и правел тестирања во приватни лаборатории.

Директорката Иринка Сотирова Бухова на денешната прес конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.

Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г., како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението.

Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.


Од истата категорија