Новата Влада на Италија би можела да го загрози еврото, оцени австрискиот канцелар Себастијан Курц, коментирајќи го доделувањето на мандатот за формирање на новиот италијански владин кабинет на анонимниот професор Џузепе Конте.

Курц за виенскиот весник „Клајне цајтинг“ оцени дека програмата на идната италијанска влада, што треба да ја фомираат антиинституционалното евроскептично Движење Пет Ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига, е „многу неодговорна“.

– Поради тоа Европа би можела да тргне по стапките на Грција, оцени Курц осврнувајќи се најавите на новите италијански владини партнери за зголемување на јавната потрошувачка.

Италија е најзадолжена земја во ЕУ, веднаш по Грција.