На редакцијата на Дневник.хр и се јавил читател од Ровињ огорчен поради фактот дека неговата сопруга добила термин за магнетна резонанца во Општата болница во Пула дури за декември 2020 година.

„Сопругата има ужасни главоболки и болки во вратните пршлени. Побаравме снимање и добивме термин – 29 декември 2020 година. Што да ви кажам повеќе?, се пожалил господинот.

„Како може да се добие термин во приватните клиники? Наутро се најавуваш, попладне доаѓаш на ред. Ќе платиме 1500 куни (околу 200 евра, н.з.) некаде приватно и одиме понатаму. Но зошто тогаш да плаќаме здравствено?, се запрашал сопругот на болната жена.

„Не знама колку чини тој МР апарат, ниту пак ме интересира. Сигурен сум дека ако државата има пари за толку автомобили, да плаќа патувања и други пи…рии, тогаш нека самите на себе си дадат отказ и нека ги проследат тие пари во здравството“, истакнал читателот на Дневник.хр.

„Освен спортистите кои нешто не држат и ни создаваат причина за радост, се друго е катастрофа. Наместо натпис со Република Хрватска, на граничните премини треба да стои „Луѓе, снаоѓајте се како знаете и умеете“. Им симнувам капа само на пожарникарите, тие секојдневно го ставават животот во опасност, други не би ставиле на сто куни“, додал тој.

Дневник.хр упатил прашања и до Општата болница во Пула и Министерството за здравство, а ќе ги објави одговорите по нивното пристигнување. Неофицијално, дознале дека апаратот е нов, само два месеци, и дека проблмеот го создале општите лекари кои по доаѓањето на апаратот почнале на снимање да ги праќаат и оние пацинети на кои не им е вистински потребна снимка на МР, па така се создал голем ред на чекање кој сега се протегнал дури и до 2021 година.