КУРИР: Лидерската средба на Мицкоски и Заев в недела

/ 07.03.2019

Порталот Курир објави дека, од свои извори дознава, оти лидерската средба меѓу лидерите на власта и опозицијата ќе се одржи в недела.

– Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија. Заев го прифати барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој неодамна го повика на лидерска средба, објави Курир.

Инаку и власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.


Од истата категорија