Кон крајот на минатата ноќ станаа јасни сите двојки кои ќе се спротивстават во вториот круг на квалификациите на Лигата на шампионите.
За жал, македонскиот претставник на турнирот Шкендија не успеа да го надмине Номе Калју и ќе продолжи во Лигата на Европа.
Сите двојки:
ЦФР Клуж (Романија) – Макаби (Израел)
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Розенборг (Норвешка)
ТХЦ (Велс) – Копенхаген (Данска)
Ференцварош (Унгарија) – Валета (Малта)
Дандалк (Ирска) – Карабах (Азербејџан)
Сабартало (Грузија) – Динамо (Хрватска)
Селтик (Шкотска) – Номе Калју (Естонија)
Црвена звезда (Србија) – ХИК (Финска)
Сутјеска (Црна Гора) – Апоел (Кипар)
Марибор (Словенија) – АИК (Шведска)
Викторија (Чешка) – Олимпијакос (Грција)
ПСВ Ајндховен (Холандија) – Базел (Швајцарија)
Првите натпревари се на 23 јули и реваншите недела подоцна.