Организаторите на Отвореното првенство на САД се подготвени да ги прекршат правилата, откако ќе ја поканат за учество во турнирот 15-годишната локална тенисерка Кори „Коко“ Гоф.

Тинејџерката направи сензација на „Вимблдон“, откако ја отстрани сонародничката Венус Вилијамс, Словенката Полона Херцог, Словачката Магдалена Рибарикова и уште три тенисерки во квалификациите.

Согласно правилата, „Ју Ес опен“ не може да и обезбеди на Гоф „вајлд карта“, бидејќи на 15-годишната тенисерка и следуваат само три покани за учество, а таа веќе ги искористила. Портпаролот на американската тениска асоцијација (УСTA) Крис Видмаер сепак потврди пред „Њујорк Пост“ дека за Гоф ќе биде направен исклучок.

– Ние се надеваме дека ќе ка видиме Коко во главната шема на „Ју-Ес опен“. Таа ги освои срцата на навивачите во нашата земја со настапот на „Вимблдон“. Не толку често се зборува за младите спортистки, истакна Видмаер.

Женската тениска асоцијација (ВTA) во исто време потврди дека нема да протестира против одлуката на УСTA да ги заобиколи правилата.

„Ју Ес Опен“ стартува на 26-ти август.