Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол го претстави петтиот комплет на тимот за сезоната 2020/21. Овие дресови ќе се користат само на еден натпревар – гостувањето кај Реал Мадрид на 11 април годинава.

За првпат дресот ќе ги содржи црвено-жолтите ленти на каталонското знаме. На крајот на јануари, дресовите од специјалното издание ќе бидат пуштени во продажба во клупските продавници во Барса.

Порталот „footyheadlines“ веќе го претстави дизајнот за специјален комплет на каталонскиот великан.