„ЛАЈМ“: Миле Јанакиески претепан во Шутка од притворен за „Дива населба“?

/ 21.02.2019

Весникот на албански јазик „Лајм“, повикувајќи се на свои извори пишува дека денеска во затворот Шутка, член на кумановската група притворена за настаните во „Диво наесеље“ со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Изворите на „Лајм“ не посочиле детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.


Од истата категорија