Најголема закана за успешната борба на Бразил против коронавирусот е претседателот на таа држава жаир Болсонаро, тврди престижното британско медицинско списание Лансет.

Во написот се посочува дека негрижата и игнорирањето на рестриктивните мерки од страна на Болсонаро прави конфузија во Бразил, каде вчера беше евидентиран најголем број смртни случаи од почетокот на пандемијата во таа земја. Бразилското Министерство за здравство вчера информираше дека во земјата има нови 10.000 заразени и 751 починат, со што вкупната бројка на инфицирани се искачи на 145 илјади, а смртните случаи на речиси 10 илјади.

Болсонаро, поранешен воен капетан и пратеник во парламентот, вели дека „најлошото поминало“ и се противо на рестриктивните мерки и затворањето на економијата.