Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Скопје изјави дека Србија нема да отвори никакво ново поглавје во преговорите со Европската унија доколку не воведе санкции кон Русија.

-Ако сакате да влезете во ЕУ, мислам дека нема да отворите ново поглавје ако не ги следите сите одлуки на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија, рече Лавров на прес-конференција за време на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Како што истакна шефот на руската дипломатија, тоа е „начин на убедување од страна на ЕУ“, пренесе Бета.

-Вака ги убедуваат Србите да прифатат Косово да стане членка на меѓународните организации. Дали е тоа реално, додаде Лавров.

Зборувајќи за разговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, Лавров рече дека пред 10 години е постигнат договор за статусот на српските општини на Косово и дека по 10 години ништо не се случило, бидејќи косовската страна категорично одбива да го исполни својот дел од обврските.

-Луѓето кои беа назначени да бидат лидери на овој српски регион категорично одбиваат да ги прифатат своите обврски. Дали ЕУ побара нешто од косовската страна? Не. ЕУ имаше барања само од српската заедница. Тие веќе донесоа документ, тоа се разликува и содржи различни принципи од она што беше договорено меѓу Белград и Приштина, рече Лавров.

фото: ЕПА