Малиот Зоки, Филипче, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите, а во негово време луѓе собираа пари за лекување преку СМС, истакна на денешната прес-конференција, Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
-Македонија е можеби единствена држава во Европа каде собирање на пари за лекување се прави преку СМС пораки, тоа е работа која Филипче можеше, а не ја корегираше.
Десетина милионски матни тендери, 14 живи изгорени луѓе во Модуларната болница во Тетово, руинирано здравство, изнемоштени пациенти од лавиринтите создадени од власта, тоа се е епилогот од владеењето на Филипче, малиот Зоки и Заев.
Филипче поучен од Заев мисли дека и тој по истиот пример ќе се извлече и ќе може да обвинува за политички притисоци во моментот кога ќе се соочи со одговорност.
Филипче имаше шанса и не направи ништо во здравствениот систем, донесе само криминал и корупција, додава Лефков.