Пред 33 години, еден хирург решил да се бори за отпишан пациент.

Нционална географија оваа фотографија ја избрала за најдобра фотографија во 1987 година, а по се изгледа ќе остане запомнета засекогаш.

На неа е фотографиран полскиот кардиолог д-р Збигњев Релига, како внимава на пациентот по 23 часа успешна трансплантација на срце. Таков вид операција каква што извел Релига во тоа време се сметала за невозможна, но тој успеал медицинската пракса да ја издигне на повисоко ниво.

Пацинетот е човекот кој ја држи легендарната фотографија, Тадеуш Зиткијевич. Триесет и три години подоцна, тој е во длабока старост и го надживеал својот хирург.

Д-р Збигњев Релига починал во март 2009 годинја, по двегодишна борба со рак на белите дробови.

Извор и фотографија@natgeo/FB и James Stanfield.