Легендарниот шпански кошарар, Хуан Карлос Наваро, играч на Барселона, објави дека ќе ја заврши карирата.

Како што се наведува, 38-годишниот играч, освојувач на 35 трофеи, во наредниот период ќе биде вклучен како функционер на клубот.

Популарниот „Ла бомба“ дебитираше за Барселона во 1997 година, а само една година беше надвор од тимот, 2007/08, кога бше играч на Мемфис.