Поразот од 4:2 во европскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид значеше крај на долгата серија на добиени натпревари во борба за трофеј на Реал Мадрид, но, „кралскиот клуб“ допрва ја почнува сезоната во која ќе има можност да ги израдува своита фанови со нови успеси.

Меѓутоа, Лука Модриќ не можеше да го прифати поразот и со последниот потег кој го направи ги израдува фановите на Реал Мадид, токму пред истекот на летниот трансфер период, каде му останаа уште 24 часа за да Интер се обиде да го украде. Тој на социјалните мрежи испрати охрабрувачка порака до фановите на ,,кралскиот” клуб.

– Тежок пораз за нас, меѓутоа овој клуб не може да биде дефиниран од само еден пораз. Одиме напред. Главата горе и сега е време со работа да се вратиме на вистинските патеки, ги охрабри фановите Модриќ.