Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.

Според „Marca“, трансферот би можел да се реализира доколку Баерн се засили со играчот од средниот ред на мадриѓаните Жоао Феликс.

Претходно беше објавено дека португалскиот фудбалер сака да го напушти Атлетико Мадрид, а против тоа не е ниту тренерот Диего Симеоне.

Дваесет и двегодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна три гола на 18 натпревари. На сметка на 33-годишниот Левандовски се 28 гола на 24 натпревари во Бундеслигата.