Македонската јавност е во шок по веста дека 46-годишната жена од Неготино, која
брутално беше претепана од својот партнер, денеска им подлегнала на повредите.
Министерката Тренчевска пред само неколку дена гордо изјави дека имаме стратегија за справување со семејното насилство. За само една недела, три жртви на семејно насилство проговорија јавно за голготата низ која со години минуваат во своите домови, барајќи помош од институциите на системот.
Несоборлив е фактот дека МТСП, освен водењето кампањи во пропагандни цели, нема ништо суштинско направено за спречување на семејното насилство. Неретко, сторителите на семејно насилство се вработени во полиција и се “недопирливи” за институциите на
системот.
Оттука се наметнува прашањето, дали внатрешната контрола при МВР и СВР ги испитува ваквите случаи и како е можно лице против кое било покрената кривична постапка против семејно насилство и понатаму да продолжи да работи како полицаец?
Според статистиките, секоја трета жена во Република Македонија е жртва на семејно
насилство. Институциите затајуваат во спречувањето на семејното насилство и честопати наместо да ја штитат жртвата, со своите постапки (непостапување) го штитат насилникот.
Проблемот е слоевит и бара сериозен пристап за конечно решавање.
Националната стратегија за спречување на семејното насилство е само обична хартија
доколку нејзините одредби не се спроведуваат во пракса!
Зачудувачки е тоа што досега воопшто не е спроведена анализа за утврдување како и
зошто затајуваат и замолчуваат институциите и кој е одговорен за рапидниот пораст на семејното насилство.
Без соодветна функционална национална стратегија и без сериозно ангажирање на
институциите на системот при спречувањето на семејното насилство, тоа не само што нема да се намали и искорени, туку и ќе се зголеми, а тоа ќе биде поразително за сите нас.
Владата на пробугарските СДС и ДУИ немаат намера да застанат против оваа мрачна страна на општествениот живот, бидејќи за нив не е приоритет поединецот и неговата добробит, туку бизнис зделките со кои ги хранат своите џебови.