Додека европските бирократи објавуваат се понови и понови санкции кон Руската Федерација, шест земји од Европската унија во јули го зголемиле извозот на стоки во Русија на годишно ниво, додека увозот на руска стока се зголемил во 16 земји од ЕУ, соопшти денеска парламентарната партија Левица.

ВО продолжение целото соопштение од Левица:

ЕУ СО ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ КОН РУСИЈА – МАКЕДОНИЈА ВАЗАЛНА ВО САНКЦИИТЕ

Додека европските бирократи објавуваат се понови и понови санкции кон Руската Федерација, шест земји од Европската унија во јули го зголемиле извозот на стоки во Русија на годишно ниво, додека увозот на руска стока се зголемил во 16 земји од ЕУ.

Спротивно на декларативното ЕУ и НАТО единство, во кое се помалку веруваат владите на земјите членки на ЕУ и НАТО, а по се изгледа се повеќе верува само клепто-бирократската влада на СДС и ДУИ, се повеќе земји членки на унијата ги ставаат сопствените интереси и интересите на сопствените граѓани над интересите на бриселската и вашингтонската бирократија.

Земја која најмногу има увезено од Русија е: Словенија (6 пати), следува Кипар (3,4 пати), Чешка (3,1 пати), Грција (3 пати) и Италија (2,2 пати),

Во исто време, осум земји од ЕУ го зголемиле извозот во Русија на месечно ниво. Најголем раст е забележан во Романија (78%), Литванија (28%) и Холандија (21%).

Поради горенаведените непобитни податоци, Политичката Партија Левица, ја повикува оваа ненародна влада, да престане со својот измеќарски однос кон бриселските и вашингтонските бирократи и да почнe да мисли на сопствените граѓани.

Нормализирање на политичките, дипломатските и економските односи со сите држави со кои традиционално со децении сме имале економска, научна и културна соработка е потребно во најбрзо време.

Македонската економија и македонските граѓани не смеат да бидат заложници на оваа ненародна Влада, која мисли само за личните интереси на поединци.

Партија Левица