Навивачите на француската Лига 1 изненадувачки ја одбраа легендата на Челси, Дидие Дрогба пред Златан Ибрахимовиќ како напаѓач на бр.1 во последните две децении во лигата.

Дрогба ја започна својата кариера во Франција, играјќи 3 сезони за Гингамп и Марсеј, пред да потпише со „сините“ од Лондон. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска го победи Ибрахимовиќ, собрајќи 51 отсто од гласовите на навивачите на Твитер.

Дрогба забележа 39 гола на 80 натпревари во Лига 1, пред вистински да покаже што знае во Премиер Лига и Челси.

Шведскиот напаѓач може да се чувствува занемарен откако го заврши престојот во Пари Сен Жермен со голем број титули и 113 голови на само 122 натпревари.

Во рангот се најдоа и Александар Лаказет, Марио Балотели, Единсон Кавани и Килијан Мбапе.