Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг призна во кој клуб сака да се приклучи. За жал за Барселона, за која се шпекулираше дека е меѓу кандидатите за неговиот потпис, Габонецот сонува да го носи дресот на Реал Мадрид.

– Реал е клубот на моето срце и му ветив на дедо ми дека еден ден ќе играм таму. Се надевам дека тоа ќе се случи, призна sвездата на „топџиите“, цитирана од „goal“.

Сепак, на задоволство на Обамејанг, медиумите неодамна објавија дека Реал е заинтересиран за него. Напаѓачот има 30 години, неговиот договор со тимот од Лондон важи до јуни 2021 година.

Оваа сезона Габонецот има забележано 26 натпревари во Премиер лигата, во кои постигна 17 голови.