ЛИГА НА НАЦИИ: Македонија во група со Естонија, Ерменија и Грузија

/ 03.03.2020

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Грузија, Естонија и Ерменија во Ц дивизија во новото издание на Лигата на нации. Вака сакаше жрепката за најновото репрезентативно натпреварување на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) што се одржа во Амстердам.

Нашата земја на 26 март во плејофот за пласман на Европското првенство ќе игра против Косово, а доколку победи, во финалето пет дена подоцна ќе гостува кај подобриот од мечот меѓу Белорусија и Грузија во решавачки 90 минути за место на завршниот турнир ова лето.

Лига на нации – Ц дивизија

Група 1: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан

Група 2: Грузија, Македонија, Естонија, Ерменија

Група 3: Грција, Косово, Словенија, Молдавија

Група 4: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан


Од истата категорија