Министерот за одбрана на Литванија, Арвидас Анушаускас информираше дека воените сили се ставаат во состојба на готовност.

– Со оглед на тоа што руската воена мобилизација исто така ќе се одвива близу нашите граници, литванските сили за брза реакција се ставаат во состојба на висока готовност со цел да се спречат какви било провокации од Русија, напиша тој на Твитер.