Велика Британија соопшти дека добила поддршка од повеќе од 100 земји за да се стави крај на уништувањето на шумите ширум светот, што научниците го сметаат за еден од главните фактори за климатските промени.

На конференцијата на ОН за климата во Глазгов, британската влада рече дека лидерите на земјите што претставуваат повеќе од 85 отсто од светските шуми се обврзале да стават крај на дефорестацијата до 2030 година и да преминат на активно пошумување.

Планот е поддржан од земји како Бразил, Кина, Колумбија, Конго, Индонезија, Русија и САД. За негово спроведување се ветени повеќе од 1,9 милијарди американски долари во јавни и приватни фондови.

Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч предупреди дека претходно постигнатите договори се покажале како неефикасни.