На лондонскиот аеродром Гетвик е уапсена 40-годишна Швеѓанка поради сомнеж дека подготвувала терористички напад, соопшти британската полиција.

Таа е уапсена откако со летот од Италија пристигнала во Велика Британија. Моментно се наоѓа на сослушување во полиција, а обвинение се уште не е покренато.

Британија го подигна предупредувањето за терористички напади на „сериозно“ ниво, врз основа на разузнавачки податоци.