Во Лондон овој викенд се одржува Лондонска недела на машка мода, на која дизајнерите ќе ги прикажат најновите креации за облека за мажи.

Ќе биде изложена машка облека за слободно време и луксузни одела.

Лондонската недела за машка мода се одржува на две години и трае само три дена, бидејќи е со помал обем во однос на традиционалната презентација на женска мода.

Меѓу брендовите кои ги изложуваат своите креации за есен/зина 2019 година се: „Котвајлер“, „Барбур“, „Ребурн“, „Касими“.

Според податоците на истражувачката агенција „Минтел“, вредноста на продажбата на машка облека на британскиот пазар минатата година пораснала на 20 милијарди долари, што е за повеќе од пет отсто во однос на вредноста на продажба регистрирана во 2017 година.