Екипите на Ајакс, Клуб Бриж и Славија Прага ќе играат во групите од Лигата на шампионите на УЕФА, бидејќи беа подобри од своите ривали во двата меча од плеј-офот.
Славија синоќа по втор пат го совлада Клуж, истото се однесува и на Клуб Бриж, додека Ајакс беше сигурен на домашен терен.
Резултати:
Ајакс – АПОЕЛ 2:0 (0:0 прв натпревар)
Клуб Бриж – Линц 2:1 (1:0)
Славија Прага – Клуж 1:0 (1:0).