Ракометарите на Вардар како гости го победија украински Мотор Запорожје со 31:30 (16:18) и дојдоа до третата победа во третиот настап сезонава во Лигата на шампионите.

Во првото полувреме, актуелниот европски првак прими дури 18 гола, не функционираше одбраната, голманите речиси ништо не одбранија. Но, Вардар како по навика подобро игра во вторите полувремиња, така и вечерва.

Вардар на овој меч стана 12-тиот тим во историјата на ракометната ЛШ со повеќе од 4.000 голови. Тимур Дибиров со 10 гола беше најефикасен во редовите на македонскиот тим, а клучниот гол беше дело на Даинис Криштопанс.

Ова беше прв меч на Мотор и Вардар во ЛШ. Пред три недели во СЕХА, среќата беше на страна на Мотор кој славеше минимално кога Чупиќ утна пенал во последната секунда, а сега Мотор даде гол за изедначување, но судиите пресудија дека шутот е задоцнет, па вардарци се радуваа.