Феран Торес би можел да биде еден од најзвучните трансфери ова лето, откако шпанските и француските медиуми објавија дека Пари Сен Жермен сериозно работи на негов ангажман.
Се споменува сума од околу 50 милиони евра.
За трансферот известуваат шпанскиот „Мундо Депортиво“ и францускиот „L’Екип“ кои укажуваат дека меѓу клубовите се водат сериозни разговори.
Во меѓувреме, Барселона веќе работи на реконструкција на напаѓачката линија. Каталонскиот клуб го обезбеди трансферот на Ентони Гордон од Њукасл, додека преговорите за Карим Адејеми од Борусија Дортмунд се во завршна фаза.




