Лионел Меси никогаш досега не играл против Англија, а двете репрезентации ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство во Северна Америка.
Последниот дуел меѓу Англија и Аргентина беше во ноември 2005 година на пријателски натпревар.
Меси тогаш веќе беше дел од аргентинската репрезентација, но поради суспензија го следеше натпреварот од трибините.
” Натпреварите против големите репрезентации секогаш се посебни. Никогаш досега не сум играл против Англија, па ова ќе биде уникатен натпревар.
Станува збор за полуфинале на Светско првенство. Сега ќе се одмориме, а потоа ќе почнеме да се подготвуваме. Вложивме огромен напор, двапати моравме да играме продолженија, а одигравме и уште еден натпревар. Тоа покажува нешто“, изјави Меси.
Лионел Меси објави и порака на социјалните мрежи:
„Повторно моравме да страдаме, но овој тим никогаш не престанува да верува. Повторно сме меѓу четирите најдобри репрезентации во светот.“




