Челзи ќе го казни напаѓачот Ромелу Лукаку за контроверзното интервју кое го даде пред неколку дена.

Пред два дена, Лукаку изјави дека не е задоволен од ситуацијата во Челзи и дека направил грешка кога го напуштил Интер за да се пресели во таборот на лондонските „сини“

Лондонскиот клуб може да го казни 28-годишниот напаѓач до 600 илјади евра, пишува „La Gazzetta dello Sport“.

Да потсетиме, Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи од Интер за 115 милиони евра. Неговата плата во Лондон е 12 милиони евра годишно нето.

Лукаку оваа сезона одигра 18 настапи за Челзи во сите натпреварувања и постигна 7 голови.