Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека му посочил на рускиот претседател, Владимир Путин, дека ги запрел „сите коронавируси“ во светот.

– Вчера му реков на Путин: Слушај, добро направи – војната е војна, но ти одеднаш ги спречи сите коронавируси, сите се опоравија, рекол Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Лукашенко додава дека светот сега се прераспоредува, поставувајќи прашање каква улога одиграла пандемијата во тоа.

Тој денеска изјави и дека е убеден оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.

Инаку, Лукашенко уште од почетокот на пандемијата со коронавирусот имаше „сомнежи во пандемијата“ и не ги почитуваше препораките на Светската здравствена организација.