Манчестер јунајтед ја одби понудата од Реал Мадрид да преговара за трансферот на играчот од средниот ред Пол Погба.

Според „АС“, тренерот на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан го побарал Французинот, но Реал добил иттен одговор дека фудбалерот не е на продажба.

Менаџерот на јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета на играч кој зазема важна улога во неговите планови.

Британските медиуми претходно објавија дека англискиот клуб е подготвен да го продаде играчот од средниот ред за 150 милиони евра.

Минатата сезона, 26-годишниот Погба играше на 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и забележа 11 асистенции.