Паоло Фонсека од денес и официјално е назначен за нов тренер на Рома.

Ова го соопшти италијанксиот фудбалски прволигаш кој има амбиции следната сезона да се бори за висок пласман во Серија А.

– Сакам да му се заблагодарам на раководството на клубот за дадената можност да ја предводам Рома. Јас сум ентузијаст и сум мотивиран од предизвиците што нè очекуваат. Со нетрпение чекам да се преселам во Рим, да се сретнам со нашите навивачи и да започнеме со работа. Верувам дека заедно можеме да создадеме нешто посебно, изјави Фонсека.

Тој се обврза на двегодишна работа со „римската волчица“.

Четириесет и шест годишниот Фонсека како тренер работи од 2005 година, а од познатите екипи ги предводеше Порто, Брага и Шахтјор.