Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, може да се врати во Челзи, објавија шпански медиуми.

Според „АС“, сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович, нема најдено замена за Маурицио Сари, а според изворот, Рафаел Бенитез е решението за испразнетото тренерско место.

Италијанското издание на „Тутоспорт“ тврди дека соодветните кадровски екипирања во Челзи ќе се случат во следните 48 часа.

Педесет и девет годишниот Бенитез, веќе работеше во Челзи каде беше тренер од 2012 до 2013 година. Со „сините“ шпанскиот стручњак ја освои Лига Европа.