Приказната за тоа каде ќе оди хравтскиот интернационалец Лука Модриќ е завршена. Мадриски АС објави дека Модриќ останува во Реал Мадрид.

-Лука реши да остане во Реал. Го потресе понудата од Интер, кој му нудеше 4 години во Милано и уште две години во Кина, но од извори блиски до Модриќ се дознава дека во раговор со семејството решил да остане во Реал. За тоа им се доверил на најблиските пријатели“, тврди АС.

Модриќ во Реал заработува 6,5 милиони евра по сезона. Интер му нудеше 10. Договор со Реал има за уште две години.

АС пишува дека Реал ќе му понуди подобар договор и неговата плата ќе ја приближи до таа што ја земаат најголемите во клубот, како Герет Бејл и Серхио Рамос (11 милиони евра).