Погба по триумфот над Лестер: Знаев дека ќе биде тешко

/ 11.08.2018

Францускиот репрезентативец Пол Погба го постигна првиот гол во новата сезона од Премиер лигата и му помогна на својот клуб Манчестер Јунајтед да ги освои трите бода на синоќешниот дуел со Лестер (2:1).

– Не одиграв ниту еден подготвителен натпревар по Светско првенство. Императив за нас беше победа на стартот и добро е што ја забележавме. Знаев дека ќе биде тешко, но најважно е што ги освоивме бодовите. Не е важно кој ќе постигне гол, туку тимот да победува, истакна Погба.

Играчот од средниот ред кој со француската репрезентација стана светски првак, има желба да ги освои и другите трофеи на клупско и репрезентативно поле.

– Има уште многу трофеи кои ми се предизвик, Премиер лигата, Лигата на шампионите, Европското првенство. Сакам да напредувам и да освојувам пехари, нагласи Погба по триумфот над Лестер.

Останатите натпревари од 1.коло во новата сезона од Премиер лигата се играат овој викенд. /МИА


Од истата категорија