Исчезна девојче од Скопје. Утрово тргнало за на училиште, но и се губи секаква трага.

-Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓоревска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816.

Мајката на девојчето видно вознемирена за Курир вели дека утрово Вања била весела и расположена, и рекла дека ќе се слушнат после првиот час, но и се губи секаква трага.