Кавадарчанецот Илија Николов кој е на докторски студии по физика во САД, ја истражува примената на квантна физика во финансиски сектор. За овој 28 – годишен докторанд денеска е објавена статија и на универзитетската веб страница.
– Како дел од докторските студии по физика на Браун универзитетот, летово стажирам во голема инвестициона фирма во Бостон, Масачусетс. Со своите знаења од квантната физика вршам физибилити студија за примената на квантните компјутери во финансискиот сектор. Во мојот фокус е безбедонста на системите, поради тоа што во иднина, квантите компјутери ќе имаат моќ да ги пробијат постоечките енкрипциски заштити, како и подобрување на перформансите на постоечките алгоритми со вештачка интеленгија, базирана на квантни невронски мрежи, појасни тој.
Тој неодамна учествуваше на светски конгрес по квантна физика, во Соединетите Американски Држави.
– Презентирав во делот за млади научници и научници во рана кариера, појасни тој.
На овој линк може да се прочита статијата за него: https://www.brown.edu/news/2024-07-25/ilija-nikolov
Фото: приватна архива на Николов