Тројцата македонски членови на екипажот на „Дајмонд Принцес” не се заразени со коронавирусот.

Се работи за двајца мажи и една жена, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, потврдуваат од Министерството за надворешни работи.

Тие се заглавени на закотвениот брод во близина на Јокохама во Јапонија и живеат под режим на епидемиолозите. На 6 февруари беше потврдено дека македонски државјани има на бродот.