Молдавија е првата европска земја што доби вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, соопшти денеска претседателката на земјата Маја Санду.

Таа на Твитер напиша дека синоќа во Молдавија пристигна првата транша од 14.000 дози вакцини.

Во Молдавија имунизацијата почна пред три дена со вакцините на АстраЗенека кои и ги подари Романија.

И Моладавија не е членка на ЕУ, како и Македонија, но таму стигнаа вакцините, а во нашата земја се уште се „гордееме“ со фрижидерите со кои се фали власта, а во нив нема ниту една вакцина од ветените милиони дози.